Утрински Весник
Македонија

Исплатени 3 милијарди денари на оштетените од „Еуростандард банка“

СДСМ: Горан Трајковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, има дел од вината за стечајот на „Еуростандард банка“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фондот за осигурување на депозити информира дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„ Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени. Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот“ соопшти фондот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје