Утрински Весник
Македонија

Исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година, поради вонредната состојба посебен начин на исплата на парите

Исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година, поради вонредната состојба посебен начин на исплата на парите

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на прес-конференција соопшти дека денеска ќе бидат исплатени парите за субвенциите за тутунот за 2019 година. За исплатата на субвенциите, како и за начинот како ќе се одвива тоа на рес-конференцијата зборуваа и министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

– Денеска исплаќаме над 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за реколтата 2019. Сите тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите на своите сметки, но бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба во која сите заеднички да придонесеме за заштитата на здравјето, МЗШВ заедно со МФ, одбрана, внатрешни работи и со платежна агенција подготвивме соодветен модел за налинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, кога се очекува пикот на коронавирусот во земјата, за оние што немаат платежни картички ќе се одвиваат од 21 апприл заклучно со 24 април петок. За секој ден е направен распоред на исплатата според азбучен ред на презимињата на тутунопроизводители и на правните лица, рече министерот.

Оние тутунопроизводители кои сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што МВР ќе има список според азбучен ред.

Министерот Димковски потенцира дека секој тутунопроизводител кој ги исполнува условите ќе добие субвенција.

-Ги замолувам тутунопроизводителите да имаат разбирање и да се придржуваат кон начинот на исплатата во оваа вонредна состојба. Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите 2,5 години бележи стабилно и одржливо производство, рече Димковски на заедничката прес-конференција со министерката за финансии Нина Ангеловска и со директорот на платежната агенција Николчо Бабовски.

Потсети дека според новиот модел на исплаќање на субвенцијата, за прва класа се исплаќа 80 денари, за втора 70 и за трета и за дополнителните 60 денари.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска денешната исплата на 30 милион субвенции за реколтата тутун 2019 година ја покажува определбата да се поддржи реалниот сектор и над 19.000 земјоделци, а со тоа и економската активност во земјава во овие услови.

Важно е, како што кажа, да се обезбедат ликвидни средства да се набават материјали и да се продолжи со работа.

-Затоа направивме план за исплата на субвенциите во кои учествуваа и придонесуваа како што беше споменато многу институции како што се НБ, МЗШВ, Платежната агенција, МВР, банките, Македонската банкарска асоцијација и им се заблагодарувам на сите кои придонесоа за креиреањето на овој план. Со вој план всушност треба да се дисперзира исплатата така што од една страна сите земјоделци ќе ги добијат своите субвенции, а од друга страна нема да се прават гужви и масовни собирања и на тој начин ќе го заштитиме здравјето на сите граѓани. Средствата се веќе денеска легнати на сметките, рече Ангеловска.

Повтори дека сите кои имат платежни картички и кои имаат потреба да подигнат готовина ќе можат тоа да го направат на банкоматите веќе во понедленик од 16 до 23 часот без разлика што е полициски час бидејќи за овие лица ќе биде дозволено движењето исклучиво за оваа намена. За да не се прават гужви од 21 до 24 април, земјоделците ќе може да подигнуваат готовина од  експозитурите на банките по азбучен ред според презимето  како што беше соопштгено. Оние што имаат картички  наместо да чекаат ред пред банките  може тоа да го направат од банкоматите.

-Повторно да се дисперзира понатаму ризикот и гужвите банките каде се најголем број од примателите во  истите банки и во местата каде што има најголем број жители што се приматели на овие субвенции ќе работат со продолжено време односно од осум до 17 часот. Воедно поради продолженото работно време  земјоделците ќе имаат опција да се движат до 18 часот поради потребата за одење односно враќање од банка. Сите експозитури на Тутунска банка и НЛБ во Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани Кавадарци и Неготино ќе работат во овие денови до 17 часот, рече Ангеловска.

Банката нема да наплаќа провизии за вадење на средствата од банкоматите на сите овие производители на тутун.

Експозитутрите на Стопанска бнака ќе работат до 17 часот  во Прилеп, Битола, Радовиш и Струмица.

-Согласно податоците коишто ги добивме од  банките околу 50 проценти  од примателите на овие субвенции всушност имаат платежни картички и се корисници на картички, а дел од нив користат и електронско банкарство. Апелирам и во редовни, а особено во вакви услови  плаќањето со картичка е многу побезбедно отколку плаќањето со бакноти, рече Ангеловска.

Министерката за финансии информираше и дека од почетокот на годинава до 15 април  односно во првата половина од месецот повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти или за 20 милиони повеќе. Само во првата половина во април е зголемен  поврат на ДДВ за 65 проценти во однос на истиот период минатата година.

Министерката за финансии рече дека МФ и Народната банка и банките веќе се подготвуваат за исплата на пезниите кои опфаќаат 20 пати поголем број на граѓани отколку исплатата на субвенциите.

-Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето  и да се избегнат ризиците, најави Ангеловска.

Верува, како што кажа министерката за финансии, дека оваа криза ќе не научи на многу нешта, а воедно можеби ќе придонесе и да промениме дел од долгогодишните навики кон подобри и посовремени. Порача да не се користи готовина, а оние кои имаат картички да ги користат за плаќање.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски на прес-конференцијата информира дека заради вонредната ситуација исплатата за тутунот ќе се одвива во четири последователни групи.

– Сите корисници на финансиска поддршка за тутнот кои немаат немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите А, Б, В, Г и Д средствата од шалтер ќе можат да ги подигнат во вторник 21 април. На 22 април, во среда се исплаќаат субвенции за тутун за апликантите на кои презмињата им почнуваат со буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј и К. Во четврток, им се исплаќаат субвенциите на апликантите чии презимиња им почнуваат со буквите Л, Љ, М, Н, Њ, О, П и Р. И последната група ќе се исплаќа во петок со оние лица чиипто презимињз им почнуваат со буквите С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ќ, Џ и Ж, истакна Бабовски.

Тој посочи дека за производен и предаден тутун од реколта 2019 година кај регистрирани откупувачи на сметките на 19.050 субјекти денеска и се исплатени 1.847.580.261 милијарда денари (една милјарда и 847 милиони 580 и 261 денари).

Тој исто така апелира до сите корисници на финансиската поддршка за тутун кои имаат електронско банкарство сметките да ги проверуваат електронски и да останат дома

– Доколку немате потреба од готовина, ве замолувам барем во овој период на вонредната состојба да не одите по шалтерите и банкоматите. Со ова ќе ни помогнете да не се создават гужви на шалтерите, банките и пред банкматите, апелира Бабовски на заедничката прес-конференција со Димковски и Ангеловска. ев/фф/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!