Утрински Весник
Економија

Исплатени субвенциите за одгледани женски маторици и за заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети

Исплатени субвенциите за одгледани женски маторици и за заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 929 лица исплати 11.471.600,00 денари за женски приплодни маторици, додека на 121 лице исплати 156.568.000,00 денари за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,како што соопштуваат од Агенцијата, информира дека корисници на мерката  Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици се земјоделските стопанства што одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум две грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 31 октомври 2020 година. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло-маторица, односно 1.100 денари по грло-маторица за земјоделски стопанства со пријавен број на грла-маторици за финансиска поддршка од минимум 6 до максимум 50 грла-маторици.

Додека корисници на финансиската поддршка за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети  се земјоделските стопанства кои одгледале и од мај 2019 до април 2020 година ги продале во преработувачки капацитети кои се запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Финансиската поддршка за гоеници од 90  до 130 килограми по грло изнесува 1.000 денари. Додека фармерите кои одгледале и продале гоеници со минимална тежина од 131 килограм изнесува 2.000 денари по грло.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, како што стои во соопштението и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на финансиска поддршка.

-Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 391,2 милиони евра за развој на агро – секторот, стои во соопштението.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk

СКСМ: Презентирани резултатите од истражувањето „Биоотпадот во С. Македонија – мапирање на проблемот и изнаоѓање решенија“

И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок