Утрински Весник
Свет

Исламисти се закануваат на семејството на австрискиот министер Нехамер

Исламисти се закануваат на семејството на австрискиот министер Нехамер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По терористичкиот напад и акцијата против исламистите во Австрија, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер се соочи со закани упатени кон него и неговото семејство.

Министерството за внатрешни работи потврди дека министерот добил закани и дека поради тоа неговата сопруга и двете деца добиле деноноќна полициска заштита од специјалната единица Кобра.

Исламистите ја изразуваат својата омраза кон министерот Нехамер пред сè преку социјалните мрежи.

Сите закани, како што се наведува, се сфаќаат многу сериозно и поради тоа е утврдено дека покрај министерот, и неговото семејство ќе добие полициска заштита.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина