Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Искршена таблата на објектот на Подрачното оддление на Државниот архив во Струмица

Искршена таблата на објектот на Подрачното оддление на Државниот архив во Струмица
Img 7972

Струмица, 24 февруари 2020 (МИА) – Синоќа е е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, која е неодамна поставена и е испишана на македонски, албански и англиски јазик.

На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.

Информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.

Вчера во Струмица се случи уште еден вандалски чин, кога на плоштадот „Гоце Делчев“, засега непознат сторител искршил клупа за седење и дрвце. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат