Утрински Весник
Македонија

Исклучени 15 возила кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје

Синоќа на булевар ,,Маршал Тито“ биле исклучени 15 возила со македонски и странски регистарски ознаки согласно член 344 став 2 и 3, кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно.

dobivaj vesti na viber

Кон нив се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

Можете да прочитате

Економисти предупредуваат: Законот за пушење носи удар врз буџетот

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

Малолетници претепале и ограбиле Украинец во Скопје