Утрински Весник
Магазин

Ирина Шајк зрачи со женственост и сексапил

Ирина Шајк зрачи со женственост и сексапил
Dik 300x250 mk

Таа последен пат беше видена како ги покачува температурите во модното шоу на брендот за женска долна облека  „Севиџ икс фенти“ на Ријана, кое се емитуваше на „Амазон премиер“ во петокот.

Рускиот супермодел Ирина Шајк (34) повторно изгледаше сензационално на вообичаена прошетка по њујоркшките улици во понеделникот попладне.

Ирина ја покажа својата фантастична фигура во сиво-црн плетен комплет со лежерна, но истовремено и шик нота, притоа откривајќи малку гола кожа благодарение на соодветните шорцеви со висок струк што ги носеше одоздола.

Поранешната девојка на Бредли Купер носи правоаголни темни очила за сонце и црна маска за лице која виси од едното уво додека го приближува кафето до устата. Нејзината темна коса е собрана на задната страна во ниска пунџа.

Една од најплатените манекенки во светот беше убиствено секси во спектакуларното модно шоу на Ријана – необична ревија на женска долна облека од брендот Savage X Fenty – премиерно прикажано на „Амазон“ на 2 октомври.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив