Утрински Весник
Свет

Ирачки полицаец застрелан, десетици ранети на протестите во Насирија

Ирачки полицаец застрелан, десетици ранети на протестите во Насирија

Полицаец беше убиен во неделата во Ирак додека безбедносните сили се обидуваа да ги растурат протестите во градот Насирија кои беа организирани трет ден по ред, пренесува „Мидл Ист ај“.

„Полицаецот е убиен со куршум во главата. Уште триесет и три полицајци беа ранети во настаните од денот,“ рече лекар во градот 300 километри јужно од главниот град Багдад.

Армијата ја потврди смртта на полицаецот, а медицински извори соопштија дека неколк демонстранти биле ранети.

Очевидци изјавија дека безбедносните сили отвориле оган за да ги растераат демонстрантите од градскиот плоштад, кој беше во центарот на широко распространетото протестно движење што започна во октомври 2019 година.

Населбата од шатори на плоштадот„ Хабуби“ стоеше до ноември 2020 година, кога осум лица загинаа во судирите меѓу антивладините демонстранти и следбениците на шиитскиот водач Муктада ал Садр.

Антивладините демонстранти повторно го окупираа плоштадот во петокот барајќи ослободување на луѓето уапсени во последните неколку недели. Безбедносните сили постојано пукаа во воздух и фрлаа димни бомби кон демонстрантите.

Портпарол на демонстрантите за АФП изјави дека 13 демонстранти кои биле уапсени се ослободени, додавајќи дека властите ветиле оти другите приведени ќе бидат ослободени следниот ден.

Протестите во Ирак се смирија минатата година заради пандемијата  со Ковид-19, а задушувањето од страна на полицијата остави речиси 600 мртви и 30.000 повредени. Но, киднапирањата, таргетираните убиства и апсењата на лидерите на протестите продолжија, при што многу активисти се соочија со киднапирања и атентати од вооружени групи поради нивната вмешаност во антивладините протести.

Во петокот, познатиот адвокат и активист Али ал-Хамами беше убиен во Насирија откако непознати напаѓачи упаднаа во неговиот дом. Член на полуофицијалната ирачка Висока комисија за човекови права објави на Твитер дека Хамами починал од задушување во петокот откако група мажи влегле во неговата куќа во регионот Шатра во градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд