Утрински Весник
Свет

Ирачката шиитска милиција вети дека нема да ја напаѓа амбасадата на САД

Ирачката шиитска милиција вети дека нема да ја напаѓа амбасадата на САД

Ирачката проиранска милиција Катаиб Хезболах вчера вети дека нема да ја нападне Американската амбасада во Багдад на првата годишнина од атентатот врз иранскиот воен командант Касем Солејмани, пренесува „ Анадолија“.

„ Ние ниту ќе влеземе во амбасадата на злото (американската амбасада) ниту ќе ја собориме оваа влада … има уште време“, рече генералниот секретар на групата, Абу Хусеин Ал-Хамидави, во изјавата.

„ Нашето оружје е поконтролирано и организирано од најпрестижните армии и воени институции низ историјата. Тоа е најлегитимното и најрационалното иружје и ќе остане во наши раце и нема да дозволиме никој да се меша бо ова оружје“, рече тој.

Десетици илјади Ирачани се собраа во Багдад за да ја одбележат првата годишнина од убиството на Солејмани, извикувајќи антиамерикански пароли и барајќи американски трупи да бидат протерани од земјата.

Ирачките безбедносни сили го зајакнаа своето присуство во близина на сите странски амбасади како и безбедносните и воените места во Багдад, во очекување на каква било ескалација.

На 3 јануари 2020 година, Солејмани заедно со лидерот на Народните сили за мобилизација (ПМФ), Абу Махди Ал-Мухандис беа убиени во напад на американско беспилотно летало пред меѓународниот аеродром во Багдад.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе