Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Иран ќе ѝ дозволи на МААЕ да ги следи неговите нуклеарни локации

Иран ќе ѝ дозволи на МААЕ да ги следи неговите нуклеарни локации
300x250 opst2

Техеран ќе и дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги следи иранските нуклеарни локации преку камери.

Ова беше објавено по разговорот со шефот на надзорниот орган на ОН за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси.

Оваа информација ја потврдија иранските медиуми, цитирајќи го иранското тело за атомска енергија, објави денеска „Ројтерс“.

„ Се договоривме да ги замениме мемориските картички од надзорните камери на МААЕ“, рече Мохамед Еслами, цитиран од полу-официјалната новинска агенција ИЛНА.

Само еден ден претходно, иранските државни медиуми тврдеа дека МААЕ нема да има пристап до снимки од камери за надзор на нуклеарни локации во Иран.

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа