Утрински Весник
Свет

Иран извлекол делови од разговорите од црните кутии на урнатиот украински авион

Иран извлекол делови од разговорите од црните кутии на урнатиот украински авион

Иран извлекол некои податоци, вклучително и делови од разговорот од пилотската кабина на украинскиот авион, кој случајно беше соборен од силите на Револуционерната гарда во јануари, кога загинаа сите 176 лица во авионот, изјави денеска ирански функционер.

Анализата од црните кутии на украинскиот патнички авион „Боинг 737“, што во јануари се урна веднаш по полетувањето од аеродомот во Техеран, покажува дека леталото, во период од само 25 секунди, било погодено од две ракети. Патниците уште некое време биле живи непосредно по првата експлозија, сооопштија иранските власти.

Соопштението на иранската Организација за цивилно воздухопловство е прв официјален извештај за содржината на црната кутија и податоците од пилотската кабина, што во јули беше испратен на анализи во Франција.

Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот.Иранската револуционерна гарда на 8 јануари со ракета земја-воздух го собори украинскиот авиопревозник, кратко време по полетувањето од Техеран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25