Утрински Весник
Свет

Иран ги обвини САД за малтретирање на иранските допломати и нивните семејства

Иран ги обвини САД за малтретирање на иранските допломати и нивните семејства
Dik 300x250 mk

Иран ги обвини САД за малтретирање на официјални ирански претставници во меѓународните организации со седиште во САД, вклучувајќи ги и Обединетите Нации (ОН), пренесува ИРНА.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, рече дека Техеран доставил писмо до САД преку швајцарската амбасада, која ги застапува интересите на САД во Иран, со предупредување дека ќе поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата против САД ако тие не запрат со своите незаконски активности против иранските дипломати и нивните семејства.

Хатибзаде додаде дека Вашингтон не ги исполнува своите обврски како земја-домаќин на меѓународните организации, наведувајќи дека отсекогаш биле извор на непријатности за дипломатите на земјите што ги нарушуваат американските политики.

Иранската најава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск