Иранскиот свештеник Абас Табризијан е познат по своето контроверзни размислувања. Еден од неговите бисери е тврдењето дека мажите не можат да го пренесат коронавирусот и дека само жените мора да носат заштитни маски.
Абас (59) им порача на Иранците да не се вакцинираат против коронавирус затоа што може да станат хомосексуалци, пренесуваат светските медиуми кои на ваквата бизарна теорија коментираат „иако веќе се објавени студии дека короната може значително да го оштети мозокот, за Абас очигледно не треба никаков вирус“.
Според порталот Albawaba, овој 59-годишен свештеник претходно промовирал фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така, во јули тој јавно објави дека мажите не можат да го пренесат коронавирусот и дека само жените треба да носат заштитни маски.
Имено, хомосексуалноста во Иран се казнува со смрт, а според овој фанатик секој што ќе прими вакцина за корона може да биде во „опасност“.
„Не им приоѓајте на вакцинираните! Станаа хомосексуалци,“ напиша Табризијан на Твитер. Неговата објава веднаш се прошири низ социјалните мрежи и наиде на бројни негативни коментари.
„Ова е апсурдно, само медицинските експерти треба да разговараат за такви работи“ напиша еден корисник.
Медиуми потсетуваат дека Табризијан не е првиот поборник на оваа теорија. Претходно, израелскиот православен рабин Даниел Асор предизвика бес кога на социјалните мрежи напиша дека вакцините „ги претвораат луѓето во хомосексуалци“ и ги повика неговите следбеници да ја одбијат вакцината.
Иран ја одобри руската вакцина Спутник 5 против коронавирус и започна да ја вакцинира нацијата, забранува увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги како небезбедни.