Утрински Весник
Свет

Ирански свештеник: Не се вакцинирајте против коронавирус, ќе станете хомосексуалци

Ирански свештеник: Не се вакцинирајте против коронавирус, ќе станете хомосексуалци

Иранскиот свештеник Абабс Табризијан им рече на своите приврзаници дека вакцината против коронавирус „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што се казнува со смрт во Иран.

„ Не се приближувајте до оние кои биле вакцинирани. Тие станаа хомосексуалци”, напиша Табризијан на една социјална платформа.

59-годишниот Иранец е познат по промовирање фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година тој го запали „медицинскиот прирачник на Харисон“ пред камерата, тврдејќи дека исламската медицина ги прави ваквите книги ирелевантни.

„ Како и другите свештеници во режимот, Табризијан ги поврзува сите недостатоци со сексуалноста“, изјави иранската дисидентка Шеина Војуди за „Џерусалим пост“.

Таа додава дека свештениците во Иран страдаат од недостаток на знаење и хуманост. „ Всушност, нивната цел е да се обидат да ги исплашат луѓето од вакцинациите, додека лидерот на режимот и други официјални лица ја добија вакцината на „Фајзер“ а на луѓето не им ја даваат со изговор дека не треба да му веруваат на Западот “, нагласува таа.

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи на почетокот на годината забрани увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги овие западни сили како несигурни. Пред две недели Иран ја одобри руската вакцина „Спутник В“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет