Утрински Весник
Спорт

ИОК за „случајот Валиева“: Приказните за допинг се шпекулација

ИОК за „случајот Валиева“: Приказните за допинг се шпекулација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Камила Валиева е во центарот на вниманието на Зимските олимписки игри во Пекинг. Ја воодушеви светската јавност, кога во екипниот натпревар, изведе чудесен скок, со што им овозможи на Русија да го освои златниот медал.

Русите се уште не ги добија медалите, повторно тема е Валиева, овој пат за неа се пишува во негативен контекст.

Наводно 15-годишната Валиева, пред Пекинг имала позитивен допинг-тест. Тесто бил позитивен на забранетиот лек за срце, триметазидин. Болните од ангина пекторис го користат овој лек за да ја подобрат циркулацијата.

Портпаролот на Интернационалниот олимписки комитет, Скот Адамс, на прес конференцијата рекол дека „приказната за некаков допинг скандал е обична шпекулација“, но дека не може да открива детали бидејќи во тек е „правна процедура“.

Валиева не е под суспензија, таа претпладнево тренираше за настапите во поединечна конкуренција.

> ИОК за „случајот Валиева“: Приказните за допинг се шпекулација <

Можете да прочитате

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk