Утрински Весник
Македонија

Инфо ден за бесплатна правна помош во Куманово

Инфо ден за бесплатна правна помош во Куманово

Куманово, 10 март 2020 (МИА) – Кумановци денеска на штандот на Националниот Ромски Центар можеа да се информираат како да добијат бесплатна правна помош, во рамки на инфо денот што го организирше оваа невладина организација во рамки на проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории“.
Граѓаните се интересираа за прашања од социјална заштита, здравствена помош, регулирање на граѓански статус, работни односи, имотно правни односи.

– Во државата, има овластени здруженија за давање на примарна бесплатна правна помош, има  регистар на адвокати, подрачни единици на Министерството за правда, каде што граѓаните можат да се обратат и за правни совети и за упатување, но и за добивање на т.н секундарна правна помош, односно да им се одобри адвокат, при што трошоците на постапката и адвокатот ќе ги плати државата. Наша цел е да ги промовираме тие новини, за што повеќе граѓани да дознаат за оваа законска регулатива и да се искористи, изјави проектниот координатор, Катерина Шојиќ од НРЦ.

Барателот на бесплатна правна помош треба да исполнуваат повеќе услови. Корисниците на бесплатна правна помош се ослободени од судски трошоци и од трошоци за вештачење. Во наредниот период ќе има и теренска посета во повеќе месни заедници во Куманово на кои граѓаните ќе се информираат за бенефитите од овој проект.

Проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории“, ќе се спроведува до декември низ повеќето градови во државата, меѓу кои Куманово, Кичево, Прилеп, Штип, Крива Паланка и Кочани. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина