Утрински Весник
Економија

Инфо денови за ИПАРД 2

Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Инфо денови за ИПАРД 2 денеска ќе се одржат во Гостивар и Ростуше. Целта на караванот е подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата.

Утре, инфо денови ќе се одржат во скопските општини Кисела Вода и Студеничани, а задутре во Ново Село и Босилово.

Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната мерка 1, со цел, да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство.

На 29.02.2020 година објавен е Јавен повик 01/2020, кој се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по мерка 1. Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.скс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата, се пофали Мицкоски

Прашањето за минималната плата отворено на ЕСС, нема изгледи за зголемување

Нова методологија за пресметка на потрошувачката кошничка најави Дурмиши