Утрински Весник
Спорт

Интер ќе го продолжи договорот со Јанг за една година

Интер ќе го продолжи договорот со Јанг за една година

Милано, 22 април 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Интер, Ешли Јанг може да го продолжи договорот со клубот. Според „Гардијан“, Интер ќе ја активира опцијата за обновување на договорот за една година со 34-годишниот Англичанец.

Беше објавено дека оваа недела италијанскиот клуб даде предлог до Јанг да го продолжи договорот, а фудбалерот е подготвен да потпише нов договор.

Забележано е дека настапот на Јанг го импресионираше тренерот на „нероазурите“ Антонио Конте.

Јанг се пресели во Интер од Манчестер јунајтед оваа зима. Настапи на пет натпревари во Серија А за италијанскиот клуб, постигна еден гол и оствари една асистенција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026