Утрински Весник
Спорт

Интер ја победи Парма, навивачите со пароли против претседателот Жанг

Интер ја победи Парма, навивачите со пароли против претседателот Жанг
Dik 300x250 mk

Интер, соочен со бунт на навивачите по најавените продажби на Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, стигна до 2:0 победа во пријателскиот меч со новиот второлигаш Парма, постигнувајќи два гола во второто полувреме.

Во составот на „нераѕурите“ го немаше Лукаку, кој е пред трансфер во Челси, но Лаутаро беше во составот до 80. минута од мечот на „Енио Тардини“. Навивачите на Интер, популарните „Курва норд“ поставија банер со поддршка за директорите на клубот, но против сопственикот Стивен Жанг, кој сметаат дека е најодговорен за распродажбата на тимот веднаш откако го освоија скудетото.

Стрелци за Интер беа Марцело Брозовиќ во 59. минута и Матијас Весино десет минути подоцна.

> Интер ја победи Парма, навивачите со пароли против претседателот Жанг <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата