Томасо Берни, третиот голман на Интер, си заминува од клубот со неславна статистика – шест поминати години со „нераѕурите“, ниту еден настап и неочекувано, два црвени картони.
Договорот на 37-годишниот Италијанец заврши ова лето, и Интер се збогуваше со човекот, кој иако никогаш не беше во првиот тим на „нераѕурите“, секогаш беше нивни симбол, човек за соблекувалните и пример за младите фудбалери. Секогаш прв присутен на тренинзите и секогаш најгласен навивач. Неговиот последен настап во Серија А беше на 28 октомври 2012 година, кога играше за Сампдорија и загубија од Каљари со 0:1.
Со договор вреден 200.000 евра годишно, Берни оваа сезона заслужи и два црвени картони од клупата – на 26 јануари против Каљари, кога протестираше а црвениот картон кој го доби Лаутаро Мартинез и се ракуваше судијата, а потоа ина 28 јуни против Парма.
> Интер се поздрави со третиот голман, кој во 6 години имаше 0 настапи и 2 црвени картони <