Утрински Весник
Спорт

Интер почна разговори со агентот на Кавани

ПСЖ нема разговарано со Кавани за продолжување на договорот

Милано, 20 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани може да ја продолжи кариерата во Италија.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Интер започнал преговори со агентот на 33-годишниот Уругваец.

„Неро-азурите“ се активираа околу прашањето за трансферот на Кавани, бидејќи другата цел на клубот, напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, се согласи да го продолжи договорот со неаполитанците.

Договорот на Кавани со ПСЖ истекува ова лето. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали