Утрински Весник
Спорт

Интер почна прибирање финансиски средства за борба против коронавирусот

Дуелот Јуве – Интер останува без навивачи

Милано, 14 март 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер преку Фејсбук започна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот. Собраните средства ќе бидат префрлени на Одделот за биомедицински и клинички науки на болницата Луиџи Сако во Милано.

Целта на акцијата е да се соберат доволно средства за финансирање на истражувачки активности во болница во Милано, која развива вакцина против коронавирус.

Играчите и вработените во клубот донираа 500 илјади евра, а вкупно за само еден ден се собрани повеќе од 2,8 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!