Утрински Весник
Спорт

Интер подготвен да се раздели со Лаутаро Мартинез за 111 милиони евра

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Милано, 13 април 2020 (МИА) – Раководството на Интер ќе го ослободи Лаутаро Мартинез доколку потенцијалниот купувач ја активира откупната клаузула наведена во договорот на Аргентинецот.

„Нероазурите“ се подготвени да се разделат со својот напаѓач исклучиво за 111 милиони евра, поради што дури немаат намера да разгледаат други опции за евентуален трансфер.

Мартинез му се придружи на Интер во 2018 година за 25 милиони евра, а неговата плата е  само два милиона евра годишно.

Клубот според новиот договор му понуди четири милиони евра.

Барселона, Челзи и Манчестер сити можат да понудат најмногу 10 милиони евра, но проблем е високата откупна клаузула за предвремен раскин на договорот со Интер.

Дваесет и двегодишниот Мартинез има 16 голови и четири асистенции на 31 натпревар до прекинот на сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност