Утрински Весник
Спорт

Интер не го даваат Барела, нов договор до 2026

Интер не го даваат Барела, нов договор до 2026
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Николо Барела, еден од клучните млади играчи во тимот на Интер, доби продолжување на договорот до јуни 2026 година, добивајќи значително зголемување на платата.

Барела дојде во Интер во јуни 2019 и оттогаш има 102 меча со „нераѕурите“ и осум гола, и беше клучен дел од италијанската репрезентација која ја освои титулата од ЕУРО 2020.

Според италијанските медиуми, Барела досега заработувал 2.5 милиони евра годишно, а сега ќе добие плата од 4.5 милиони евра, која ќе се зголемува секоја сезона додека не дојде до сумата од 6 милиони евра.

На Барела исто така му е „ветена“ и капитенската лента во клубот по заминувањето на голманот Самир Хандановиќ, кој има договор до крајот на сезоната. Ова е втор долгорочен договор на Интер во последните недели, откако претходно и Лаутаро Мартинез се обврза на договор до 2026 година.

> Интер не го даваат Барела, нов договор до 2026 <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата