Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Интер маршира кон титулата, шок за Рома во Парма

Интер маршира кон титулата, шок за Рома во Парма
300x250 opst2

Интер не дозволи изнеадување во Торино. Со победата над Торино 2:1, Интер го продолжи походот кон шампионската титула. Во вториот натпревар од попладневната програма, Парма ја изненади Рома (2:0) и освои значајни бодови во борбата за опстанок.

Интер се мачеше со Торино, но на крајот ги освои бодовите. Повторно блескаше тандемот Лу-Ла. Лаутаро Мартинез го постигна голот за победа во 85.минута. Преходно Лукаку му донесе предност на Интер со голот од пенал во 62.минута, а потоа израмни Санабрија во 70.минута.

Рома, со изненадувачкиот пораз во Парма, ги компромитира амбициите за пласман во Лигата на шампионите. Парма, од друга страна со третиот триумф сезонава, ги зголеми шансите дека ќе може да избори опстанок.

Парма победата ја забележа со головите на Михаил во деветата и Ернани од пенал во 55.минута.



> Интер маршира кон титулата, шок за Рома во Парма <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент