Утрински Весник
Спорт

Интер и ПСЖ може да се договорат за попуст за Икарди поради коронавирусот

Икарди не сака да оди во Рома

Милано, 16 април 2020 (МИА) – Францускиот фудбалски шампион, Пари Сен-Жермен е во преговори со Интер за да ги откупи правата на напаѓачот Мауро Икарди.

Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, клубовите можат да се договорат за попуст поради кризата што се појави поради пандемијата на коронавирус.

Оваа сезона, 27-годишниот Икарди играше за париски клуб на позајмица. На неговото конто се 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот