Утрински Весник
Спорт

Интер и Милан го презентираа проектот за новиот стадион

Интер и Милан го презентираа проектот за новиот стадион

Милано, 8 мај 2020 (МИА) – Миланските фудбалски великани Интер и Милан доставија до градската власт проект за нов стадион проект, соопшти прес-службата на „неро-азурите“. Предлозите се во согласност со 16 услови што градскиот совет ги достави во ноември 2019 година.

Проектот вклучува не само нов стадион, туку и иновативна спортска област, достапна 365 дена годишно. Планирано е да се зголеми површината на зелените површини на 106.000 метри квадратни (сега се 56.000). Дел од услугите ќе бидат бесплатни за сите.

Милан и Интер го делат стадионот „Сан Сиро“ (Џузепе Меаца). Арената е изградена во 1925 година и беше реконструирана во 1956 и 1989 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство