Утрински Весник
Спорт

Интер го претставија Ашраф Хакими

Интер го претставија Ашраф Хакими

Интер и официјално потврдија дека потпишале петгодишен договор со бекот Ашраф Хакими од Реал Мадрид во зделка која може да ги чини до 45 милиони евра.

„Ашраф Хакими е официјално фудбалер на Интер. Мароканецот, кој е роден во 1998, доаѓа кај ’нераѕурите’ со трансфер од Реал Мадрид и со договор до 30 јуни 2025 година“, објавија на веб-сајтот на Интер.

21-годишниот Хакими, кој последните две сезони ги помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде што постигна 12 гола и 17 асистенции во 72 настапи, наводно ќе заработува по 5 милиони евра по сезона.

Иако е роден во Мадрид, Хакими е марокански репрезентативец со 28 настапи за африканската нација. Со сума од 40 милиони евра и 5 милиони евра бонуси, тој е најскапиот дефанзивец во историјата на „нераѕурите“.

> Интер го претставија Ашраф Хакими <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко