Утрински Весник
Спорт

Интер во Фиренца се искачи на врвот на Серија А

Интер во Фиренца се искачи на врвот на Серија А

Интер е новиот лидер во Серија А, барем до мечот на нивните градски ривали Милан во недела, откако на гостувањето на „Артемио Франки“ стигнаа до 2:0 победа над Фиорентина.

Николо Барела постигна апсолутно фантастичен гол во 31. минута за да обезбеди тимот на Антонио Конте да замине на одмор со 0:1 водство, по што во 52. минута, Иван Перишиќ го удвои водството, додека на голот Самир Хандановиќ имаше неколку убави интервенции за да спречи Виола да дојде до шанса.

Со трите поени, Интер сега е лидер во Серија А со 37 поени, еден повеќе од Милан, кој во недела игра со Кротоне, додека Фиорентина е на 12. место со 22 освоени поени.

> Интер во Фиренца се искачи на врвот на Серија А <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026