Утрински Весник
Македонија

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои Единствена Македонија нема да влезе во коалиција со било која од двете најголеми партии изјави претседателот Јанко Баачев во интервјуто за „Maкфакс“.

Бачев се надева на влез во Собранието со околу 10 пратеници и вели дека нема да прави пазар по секоја цена.

„За нас нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ , во сите тие канцеларии во Брисел каде што оди Заев по него оди Мицкоски. За нас овие две партии во оснос на предавството што и го направија на државата се исти. Затоа ние сметаме дека во Парламентот треба да влезе една цврста национална партија која ќе застане зад државните интереси. Мора да престанеме со наредбите од странство и мора да си ја вратиме државата назад“, изјави Бачев.

Според Бачев, државата треба да биде надвор од Нато-алијансата, но и да ги прекине преговорите од Европската унија и да се определи за сојуз со Русија и интегрирање во Евроазиска економска унија.

„За нас како Единствена Македонија, светот не завршува во Брисел и во Вашингтон. Оние лаги што ги слушаме со години дека народот бил за НАТО и за ЕУ, се од лажните анкети на ИРИ и на ЦИА. Ние Макеоднија ќе ја придвижиме кон држави и сојузи кои што не признаваат како македонци. Затоа како Единствена Македонија се залагаме за сојуз со Русија. Што е НАТО помоќен од Русија, за да не брани и ни помага доколку е потребно“, додава Бачев.

Бачев смета дека треба да се поништи и Законот за двојазичност, но и да се спроведе попис кој ќе покаже точно колкав е процентот на малцинските заедници, кој ќе биде показател за уредување на нивните права во државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон