Кавадарци, 14 април 2020 (МИА) – Интервентни пакети со храна се распределуваат на социјално загрозени кавадаречки семејства во услови на коронавирусот, информираат од Банка за храна Кавадарци.
-На иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и локалната самоуправа, формирана е интерсекторска комисија за распределба на интервентни пакети со храна за сите граѓани кои немаат примања или не можат да ги прехранат своите фамилии. Пријавувањето се врши во кол центарот на општина Кавадарци на телефонскиот број 13300, појаснува Роберто Паризов, претставник на Банката за храна.
Оваа банка, додава тој, е надлежна на сите потврдени кои навистина имаат потреба од дополнителна храна, да им достави прехранбени артикли.
Паризов нагласува дека вакви интервентни пакети, меѓу другото, биле поделени и на социјално загрозени од неколку села од Поткожувјето. Активностите биле поддржани од локалната самоуправа, Меѓуопштински Центар за социјални работи и бизнис заедницата.
Паризов упати апел до сите кои имаат можност, да донираат храна, а таа потоа ќе се распредели на оние кои имаат потреба од неа.свд/бт/