Утрински Весник
Македонија

Интензивно се работи на реконструкција на мостот на Кратовска Река на регионалниот пат Кратово-Пробиштип

Интензивно се работи на реконструкција на мостот на Кратовска Река на регионалниот пат Кратово-Пробиштип

Крива Паланка, 29 април 2020 (МИА) – Интензивно се одвиваат активностите за реконструкција на мостот на Кратовска Река на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, на клучката што се наоѓа на излезот од Кратово.

Од Општина Кратово информираат дека околу 40 отсто од активностите се завршени, а сообраќајот се одвива непречено.

-Мостот на Кратовска Река се реконструира целосно, со средства од Министерство за транспорт и врски, преку Јавно претпријатие за државни патишта. Околу 40 отсто од работите се реализирани, едната лента е со веќе поставена дренажа, хидроизолација, нова арматура и поставен е бетонски слој. По четиринаесет дена се очекува да започне реконструкција на другата половина од коловозот, а веќе реконструираната да се пушти во функција, со цел непречено одвивање на сообраќајот со регулиран режим, изјави градоначалникот на Општина Кратово Љупчо Бојаџиев.

Посочи дека тековно, во Општината согласно предвидената динамика на градба се спроведуваат и останатите инфраструктурни проекти, а во подготовка  и адаптација е спортско-рекреативен мултифункционален простор кој ќе биде опремен со повеќе содржини. ид/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта