Утрински Весник
Македонија

Интензивна дезинфекција на згради во Куманово

Интензивна дезинфекција на згради во Куманово

Куманово, 20 март 2020 (МИА) – Редовно тече дезинфекцијата на станбените единици во Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор од општината. Дезинфекцијата ја вршат станбените домари, согласно препораките на надлежните државни институции, како и препораките донесени на една од седниците на општинскиот кризен штаб.

-Дезинфекцијата се одвива согласно предвиденото темпо и динамика. Вршиме и контрола дали се дезинфицирани зградите на терен. Дезинфекција ги опфаќа заедничките простории на зградата, лифтот, влезот, скалите, гелендери, ракохватите сето она што се заеднички простории, рече општинскиот инспектор за домување, Селами Ајрулау.

Според податоците на секторот, четирите станбени управители во Куманово на 17 март годинава дезинфицирале 114 згради, наредниот ден 91, вчера 75, денеска до пладне 70 згради.

Воедно, на влезовите се прикачени известувања како граѓаните да се однесуваат, со општите препораки од Министерството за здравство и Владата.

Дезинфекцијата ќе продолжи и во наредниот период, најавија од секторот.ам/бт/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист