Утрински Весник
Македонија

Интензивирано уредувањето на коритото на Сува Река

Интензивирано уредувањето на коритото на Сува Река

Гевгелија,12 февруари 2020 (МИА) – Градежните работи за уредување на коритото на Сува Река во рамки на прекуграничниот проект АКВА ЕМ 2 добиваат на интензитет и според најавите на инвеститорите, кои извршија увид во работењето, проектот треба да заврши до крајот на април, годинава.

Проектот кој заедно со грчката општина Пеонија почна да се реализира кон крајот на минатото лето со финансиска помош од фондовите на ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка во областа на управувањето со водните ресури, влегува во завршна фаза, велат од Општина Гевгелија.

-Гевгелиската компанија „Еуроинг“ како изведувач на работите ветува дека до последниот рок ќе ги заврши предвидените работи за уредување на каскадно корито, кеј и ублажување на свиокот низ течението кон влезот во Гевгелија, кој се смета за најризичен дел од Сува Река при наидување на вода, потврдија од Општина Гевгелија по извршениот увид на теренот.

Реализацијата на проектот вреден 516.000 евра има основна цел да ја елиминира опасноста од поплава на градот од водата на непредвидливата Сува Река, која по регулирање на коритото што ќе ја скроти, ќе добие и уреден кеј соодветен на градската урбана зона. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор