Утрински Весник
Македонија

Институт за трансфузиона медицина: Доброволното дарување крв продолжува

МЗ: Програмата за унапредување на крводарителството зголемена за 10 милиони денари

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје во насока на надминување на состојбата со коронавирусот денеска соопшти дека состојбата со крвни продукти е на задоволително ниво и се следи секојдневно. Доброволното дарување крв продолжува да се спроведува бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите.

Од Институт за трансфузиона медицина информираат дека заедно со Црвениот крст се реорганизирани во однос на крводарувањето во земјата со цел да се почитуваат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал , а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини крв. Информираат дека се во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти и во секојдневна комуникација со Институтот за јавно здравје за спроведување на крводарителските акции.

-Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе предвид дека се очекува намален број на крводарители поради влијанието на јавно-здравствените мерки кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв не треба на било кој начин да го одложат крводарувањето бидејќи воведовме и дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите, се вели во соопштението.

Апелираат крводарителите да не даруваат крв доколку во последните 28 дена патувале надвор од земјава, имаат симптоми на настинка, кашлаат, киваат, имаат зголемена телесна температура и ако биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со коронавирус.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека според Европскиот центар за контрола на болести (ECDC) се воведуваат повеќе мерки за дарување крв. Тоа се: 28 дена по враќањето од подрачја со инфекција со COVID-19 или контакт со потврден случај се одложува дарување на крв, клетки и ткива, мерење телесна температура на сите доброволни дарители на крв, обезбедување точки за дезинфекција на рацете на вработените и дарителите, ограничување на бројот на дарители истовремено присутни во просториите и обезбедување на контролирано движење во целиот процес на крводарување.

Апелираат до крводарителите во случај на појава на симптоми на респираторна болест до 14 дена по дарувањето на крв, задолжително да се јават на телефонскиот број 078-488-078.

Потсетуваат дека општите мерки за спречување на ширење на инфекцијата вклучуваат: правилно покривање на устата и носот при кивање и кашлање, избегнување на допирање на очи, нос и уста, редовно миење на раце и останати хигиенски навики, да се остане дома, да се избегнува близок контакт со болни и строго придржување кон мерките за растојание меѓу лица, најмалку еден до два метри. мд/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина