Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Инстаграмот на Мадона означен поради ширење лажни инфорации за Ковид-19

Инстаграмот на Мадона означен поради ширење лажни инфорации за Ковид-19
300x250 opst2

Профилот на Инстаграм на Мадона е означен поради наводно ширење лажни информации за коронавируст

Веб-страницата за споделување фотографии ја цензурираше поп ѕвездата откако таа на своите 15 милиони следачи сподели видео со наводна теорија на заговор за коронавирусот.

Во објавата, која сега е избришана, пејачката вели дека вакцината за Ковид-19 е веќе пронајдена, но се крие за да им се овозможи на богатите дополнително да се збогатат а сиромашните да се разболат.

Мадона сподели и видео со Др. Стела Имануел, докторка од Хјустон, која тврди дека успешно излекувала 350 пациенти со коронавирус. „Лекот е пронајден и докажан и е достапен со месеци а тоа е антималаричниот лек хидроксихлорокин.“

Мадона покрај видеото напишала: „Тие попрво ќе ги остават богатите да се богатат, а сиромашните и болните да се разболат. Оваа жена е мојот херој – благодарам Стела Имануел“.

Инстаграм го замагли видеото и додаде опис: „Лажни информации“. Исто така, со линк ги насочи корисниците кон информативна веб-страница која целосно ги негира тврдењата на Имануел.

Видеото подоцна беше избришано од Инстаграм прифилот на Мадона, но не пред следачите да почнат да протестираат поради нејзината одлука да сподели ваков пост.

Меѓу нив беше и поп-sвездата Ени Ленокс, која коментираше: „Ова е крајно лудило !!! Не можам да верувам дека ја поддржуваш оваа опасна теорија на заговор.“

„Се надевам дека твојата веб-страница е хакирана и дека ти едноставно ќе го објасниш тоа“, додаде Ленокс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време