Хамамат Монти е инфлуенсерка од Гана, претприемач, поранешен модел и манекенка која победи на изборот за Мис на Африка во 2007 година. Често во медиумите ја нарекуваат африканска божица, опис со кој повеќето ќе се согласат штом ќе видат нејзини фотографии.
Животната приказна на убавата Хамамат е интересна и инспиративна за многу жени и самохрани мајки.
Нејзина фотографија се појави на Инстаграм пред неколку месеци и таблоидите ги привлече несекојдневната убавина – веројатно најшарениот и еден од најубавите профили на оваа социјална мрежа.
Хамамат најчесто објавува фотографии од неа и нејзините две деца, фотографии што го прикажуваат традиционалниот живот во нејзиното родно село. Таа прави путер, фаќа риба, бере овошје, а во исто време изгледа беспрекорно во нејзините весели, шарени фустани, со убава кожа и совршена насмевка.
Хамамат има над милион следачи, поради што дефинитивно спаѓа во категоријата на поуспешни инфлуенсери. Сепак, нејзиниот профил нуди прозорец кон еден поинаков начин на живот кој не често, или воопшто, не го гледаме на социјалните мрежи.
Обично луѓето од африканските села каде што живеат под сламени покриви немаат навика да го споделуваат својот животен стил на социјалните мрежи. Таблоидите ги заитересира која е оваа убавица и инфлуенсерка, која најверојатно сака да може да живее во поекстравагантен стил, типичен кај повеќето инфлуенсери.
Хамамат се занимава со манекенство уште од тинејџерска возраст, а во едно интервју, 33-годишна Африканка од мало село во близина на Болгатанга отворено зборува за тоа како нејзина желба по победата на натпреварот за убавина била да се омажи за богат човек кој ќе ѝ овозможи полуксузен живот.
Набргу по победата на изборот за убавина, таа запознала богат Финец кој веднаш се вљубил во неа. И семејството и пријателите ја убедувале да се омажи за него.
Сепак, и покрај соништата за полуксузен живот, убавата манекенка го одбила милионерот кога ѝ понудил брак. „Едноставно не можев да се ставам во кутијата на африканска жена која се омажила за белец за пари“, вели Хамамат. Подоцна се омажила за друг човек од своето село со кој има две деца.
„Кога се вратив дома, постојано ме потсетуваа дека сум Африканка, дека има некои работи што не треба да ги правам, одредени амбиции со кои не треба да се забавувам. Тоа ми беше проблем бидејќи никогаш за себе не мислев како за Африканка. За мене, граница беше мојот капацитет, мојата способност“, пишаува Хамамат на својот Инстаграм-профил.
Таа го лансираше брендот Hamamat African Beauty. Заедно со другите членови на семејството, рачно прави путер и го продава низ целиот свет. Бизнисот напредувал толку брзо што таа дури учествувала и на Африканскиот економски форум.