Утрински Весник
Македонија

Инспекција на депонијата во Валандово, со нови мерки ќе се спречи палењето на отпадот

Инспекција на депонијата во Валандово, со нови мерки ќе се спречи палењето на отпадот

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина направија контрола на депонијата во Валандово и го задолжија општинското јавно комунално претпријатие да управува со неа како што наложува законот. На локацијата треба да биде поставена ограда и чуварска служба, а со дневно прекривање со земја на отпадот се обезбедува депонијата да биде ставена под контрола.

Од Државниот инспекторат велат дека вршат надзор врз депонирањето на отпадот во повеќе непрописни општински депонии бидејќи повеќето од нив горат и емитуваат канцерогени супстанци дури и во зимскиот период, што е невообичаено. Покрај Валандово, контролирани се депонии и во Арачиново, Липково и Пробиштип, кои добиле рокови во кои ќе мораат да ги спроведат мерките.

„Надлежниот инспектор oпредели рокови за постапување, веднаш да се започне со дневно покривање на отпадот со земја, 60 дена за поставување чуварска куќичка и ангажирање чуварска служба и 90 дена за изведба на прописна ограда за да се спречи неовластен пристап“, информираат од државниот инспекторат.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот