Утрински Весник
Македонија

Инспекторите ќе добијат поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите

Инспекторите ќе добијат поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите

Денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби, одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.

На состанокот беа разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со коишто се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво. Предлог измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.

Од почетокот на месецот до денеска, Државниот пазарен инспекторат изврши 160 контроли во целата држава, од кои најмногу во Битола (37), Гостивар (30), Скопје (28) и во други градови. Притоа, поднесени се 18 кривични пријави, издадени се 8 решенија за пречекорување на работно време и изречени се 22 глоби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари: Доколку премиерот смета дека АА е непотребна во Владата, ние немаме никаков проблем

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Ни следуваат бурни Атмоферски процеси!

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи