Утрински Весник
Македонија

Инспекторите и комуналните редари од Град Скопје во текот на викендот изрекле 14 казни

Инспекторите и комуналните редари од Град Скопје во текот на викендот изрекле 14 казни

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад.

Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето.

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.

Можете да прочитате

Левица: Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка

На граничните премини запленети девизи, злато, цигари…