Утрински Весник
Македонија

Инспекторатот реагира: „Промедика медикал центар“ има обновена дозвола за работа

„Промедика медикал центар“ -Скопје поднела барање за обновување на дозволата на кое Министерството за здравство позитивно одговорило и ја издало потребната обнова на дозволата која се уште е важечка. Ова го соопшти Државниот санитарен и здравстевн инспекторат (ДСЗИ) откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека болницата врши операции без лиценца.

dobivaj vesti na viber

ДСЗИ потсети дека при инспекциски надзор во 2018 година. заради непоседување на важечка дозвола за работа издадена од МЗ, на болницата и’ беше изречена забрана за вршење дејност, но сега веќе дозволата е обновена.

„На тој начин, мерката на ДСЗИ е спроведена, после што е обезбедено законито продолжување со работа на конкретниот субјект на надзорот. Во иднина, ги повикуваме заинтересираните субјекти за работите од надлежност на ДСЗИ да се обратат директно до инспекторатот кој е отворен за пристап до сите информации од јавен карактер, со цел да не се вознемирува јавноста со неточни и невистинити информации. ДСЗИ е орган со широк опус на надлежности, огромен обем на обврски особено во период на пандемиска криза која траеше исклучително долг временски период, но со стручен, професионален и посветен кадар чија цел е заштота на јавното здравје на граѓаните без никакви партиски или политички преференци во својата работа“, порачаа од Инспекторатот.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна