Утрински Весник
Македонија

Инпекторите ќе проверуваат дали биле прекршени протоколите за прославата од ДУИ

Инпекторите ќе проверуваат дали биле прекршени протоколите за прославата од ДУИ

Инспекторатот ќе проверува дали биле прекршени протоколите од страна на функционерите на ДУИ, кои вчера се собраа во просториите на новиот барокен објект на Министерството за политички систем.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска вели рече дека сите инспекторати постапуваат неселективно, а така ќе биде и во овој случај.

„Надлежната инспекција ќе провери дали имало прекршување на протоколите и дополнително ќе бидете известени за се што ќе биде констатирано од нивна страна“, рече Грашкоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера на социјалните мрежи сподели фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден на нивниот лидер, Али Ахмети, во новиот барокен објект на Министерството за политички систем.

Подоцна на социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои Ахмети сече торта во истата сала.

Денеска, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби изјави дека фотографијата била направена при мало изненадување за Ахмети, а организирањето на овој настан во државни простории им било традиција. И покрај тоа што на заедничката фотографија, како и на фотографијата на која лидерот Али Ахмети ја сече тортата, никој не носи маски и нема два метра меѓу нив, Груби тврди дека ги почитувале протоколите.

Османи по повод фотографијата денеска рече дека немало непочитување на протоколите, но прифаќа оти е грешка тоа што објавил фотографија на која се без маски. Објасни дека тоа било само момент заради фотографирање, кој добил погрешна интерпретација во јавноста и жали што е причина за негативни чувства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски