Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Иновтивни 55 отсто од вкупиот број деловни субјекти во земјава

Иновтивни 55 отсто од вкупиот број деловни субјекти во земјава
300x250 opst2

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Над половина од деловните субјекти во вкупниот број или 55 отсто се иновативни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на периодот 2016-2018 година.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,8 отсто имаат воведено иновација на производ, 26 отсто имаат воведено иновација на процес, а 55,6 отсто имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 1,6 отсто од вкупниот број иновативни деловни субјекти.

Најмногу иновации се бележат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 89,5 отсто, потоа маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот 78,1 отсто, информации и комуникации 77,5 отсто, а најмал процент на иновации се бележат во секторот научно истражување и развој 23,5 отсто.скс/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди