Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Инклузивно игралиште во дворот на oсновното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром

Инклузивно игралиште во дворот на oсновното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром
Img 7972

Учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром од денеска можат да го користат новото инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето.

„Многу е важно децата со посебни потреби да имаат еднакви можности за образование, спортување, учење и другарување со сите други ученици“, рече на отворањето градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Ова е осмо инклузивно игралиште како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија.

Овој проект веќе 16 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

„Целосното вклучување на децата со попреченост во редовниот училишен систем не е лесна задача, ниту во земјите на ЕУ. Политиката на ЕУ е јасна: мора да се оддалечиме од сегрегираното специјално образование. Попреченоста е прашање на права, а не прашање на дискреција“, посочи Стефан Ходулин од канцеларијата на ЕУ во земјава.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да им помогне на училиштата, во кои учат ученици со попреченост, да ја подобрат својата инклузивност и пристапност.

„Во рамките на проектот досега доделивме стипендии на 471 ученици во почетните одделенија, спроведовме обука за над 280 претставници од училиштата, опремивме осум инклузивни игралишта, пет сензорни соби, една сензорна градина и доделивме асистивна технологија во четири училишта. Веруваме дека со овие активности навистина ја менуваме сликата за инклузивното образование во земјава“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Можете да прочитате

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“