Утрински Весник
Македонија

Иницијатива за печатење медицинска опрема: Дневно се печатат по илјада заштитни маски на 3D принтери

Иницијатива за печатење медицинска опрема: Дневно се печатат по илјада заштитни маски на 3D принтери

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Во изминативе неколку дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема успеа капацитетот за производство да го зголеми на илјада заштитни маски на ден, со што е се поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата, соопштувата од Иницијативата на Фејсбук групата https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share.

Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири и тоа во: ЈЗУ Берово, ЈЗУ Виница, ЈЗУ Пехчево, ЗД Ростуше, ЈЗУ Гостивар, ЗД Гостивар, ЗД Радовиш, ЗД Делчево, ГОБ 8. септември, Прилеп, Јасеново, Ургентен центар Клиника, Ургентен Градска, Ендокринологија, Неврохирургија, Струга, Кичево, Карил, Психијатрија, Рес Хумана, Бета Медико, Пулмолгија, Велес, Трансфузиологија, ЗД Скопје, Центар за јавно здравје, Патофиза, Интензивна Св. Наум Охридски, Тоарилуц, Дрисла, Пластична хирургија, Торакална хирургија, Педијатрија, Козле, КБ Штип и ГОБ 8 септемвеи – Очно.

Во средата, како што соопштуваат од Иницијативата, беа доставени 675 маски до ЈЗУ Завод Лешок, ЈЗУ Чаир Родилиште, ЗД Скопје, ЈЗУ Торакална Хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Урологија, ЈЗУ Ургентен центар, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Офталмологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ ГЕХ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ Радиологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Судска Медицина, ЈЗУ Институт за Патологија, ЈЗУ Институт Микробиологија, ОБ Дебар, ЈЗУ Институт Патофиза, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, Ветеринарен Институт, ЈЗУ ГАК, и ЈЗУ Стоматолошки Клиники. Дополнително се предадени десет заштитни маски со визири на Пазарна инспекција.

Бројот на дистрибуирани заштитни маски со визири до денеска изнесува повеќе од 3000 парчиња.

Покрај готови маски, испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи по градовите низ државата, додека од денеска од 16-19 часот во ПЗУ Ординација по општа медицина „Медика Вера“ ќе се поделат заштитни маски и за матичните лекари, според нивните барања. Тоа ќе се прави секој ден освен во недела, а повеќе информации ќе бидат објавени на Фејзбук групата на иницијативата.

Планот за бесплатно снабдување со заштитни маски со визири за сите јавни и приватни здравствени установи на национално ниво, како што се посочува во информацијата, е во тек и се очекува да биде реализиран согласно производствениот капацитет и ресурсите до крајот на следната недела.

Членовите на иницијативата наведуваат дека овие заштитни маски со визири се соодветно дезинфицирани, и дека се произведени од соодветни репро материјали кои можат со сигурност да ја извршат заштитната функција.

Врзано за информацијата дека се појавуваат заштитни маски со визири во малопродажба, од иницијативата апелираат да се почека да се обезбедат медицинските лица со заштитни маски бесплатно, бидејќи овие маски се произведуваат од донации, што беше и приоритет на оваа иницијатива. Штом оваа цел се реализира, иницијативата ќе се затвори и ќе се повлече и компаниите можат слободно да ги пласираат своите производи до широката јавност. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација