Скопје, 1 јуни 2020
Одделот за едукација и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, е единствениот државен оддел во рамките на научно-образовниот систем, кој е задолжен за зачувувањето на споменот на Евреите од Република Северна Македонија. Со оглед на фактот дека ние ги промовираме културните и хумани вредности во рамките на нашиот институт, би сакале заеднички со Градот Скопје да поставиме нова културна знаменитост во центарот на Градот, која во иднина би преставувала и туристичка атракција.
Евреите во Скопје со векови биле нераскинлив дел од ткивото на градот и низ векови оставиле свој печат и удел во развојот на културата и социјалниот живот на градот.
Во централното градско подрајче, токму покрај реката Вардар се наоѓало поранешното Еврејско маало во Скопје, од каде што целото еврејско население беше депортирано во логорот на смртта треблинка, во март 1943 година.
Скопскиот еврејски кварт беше нивнто маало, каде ја уживаа својата автономија, право да купуваат недвижнини, да градат синагоги и да вршат трговија. Односите меѓу Евреите и локалното не-еврејско население низ вековите наназад биле секогаш добри. Еврејското маало се наоѓало во подножјето на тврдината Кале, на самиот брег на реката Вардар, во продолжение на Пајко Маало. Соседството до крајот на XIX век било една од најсиромашните и најконзервативните квартови од Скопје на која скоро и да немало промени. Во почетокот на XX век, со постепеното збогатување на своите жители, почнале да никнуваат големи и убави куќи со европски архитектонски елементи на градежништвото и стилови, кои почнлеа да го менуваат и неговиот изглед, особено покрај реката Вардар. Еден од елементите што го идентификуваа еврејското мало беше мостот што го поврзуваше со другиот дел од градот. Мостот беше со едноставен дизајн со дрвен парапет и беше симбол за соседството. Мостот бил уништен за време на земјотресот и тој никогаш не бил повторно изграден.
Евреите милувале да го нарекуваат „еврејското мовче“, дури и новите повоени генерации го нарекувале така, а старите Скопјани денеска го паметат исто по тоа име.
Како институција, која се занимава со зачувувањето на културните знаменитости во нашиот град и земја, заеднички и во консултација со Израел, би сакале да ја поттикнеме оваа иницијатива за заштита на културното наследство на сите граѓани во Скопје и сметаме дека за нашиот град Скопје, би било одлична туристичка атракција и знаменитост, мостот кој е во изградба до самото тркало и до самиот мост Гоце Делчев,, да се финализира со реконструкција на стариот мост по својата слика, со што би се дислоцирало тркалото од проектот „Скопје 2014“. Сметаме дека тоа ќе послужи како симбол на добра волја и паметење на нашите
сограѓани Евреи, нивниот спомен, а и на нивните наследници денес. Истиот мост би сакале да го добие името „Еврејско мовче“ или „Скопскиот Еврејски мост“, во чест на нашите изгубени сограѓани Евреи.
Со ова нашиот град ќе испрати прекрасна порака до светот и ќе биде запаметен како град кој никогаш не ги заборави своите Евреи, убиени за време на Втората светска војна.
Во прилог на овој допис, Ви ја испраќаме и сликата од истоимениот мост, кој беше уништен од земјотресот, со желба дека иницијативата на Одделот за едукација и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, ќе биде прифатена и дека Градот Скопје ќе биде горд на ова решение, заеднички со нас, со што во блиска иднина ќе имаме чест заедно да ја промовираме оваа прекрасна идеја и на пошироката јавност.
Со почит,
Проф. д-р Скендер Асани,
Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.