Тренерот на римски Лацио, Симоне Инзаги се пожали од третманот што неговата екипа го има кај судиите последниве мечеви во Серија А.
Лацио минатите кола доживеа порази од Лече, Милан и практично му помогна на Јувентус да е многу поблиску до ново Скудето.
„Мораме да играме како порано, не сме ниту опуштени, ниту ентузијасти како порано, а има и некои други работи. И судиските грешки не пореметија во последните мечеви. Треба да бидеме посилни од сите потекотии, а не можам ниту да ги ротирам играчите поради повреди. Немавме среќа ниту со пеналите. Против нас свиреа три, но и понатаму се е на нас самите“ – вели Симоне Инзаги.
Лацио по 31 коло има 68 бода, и зад лидерот Јувентус има заостанување од 7 бода на исто толку кола до крајот.