Хуан Пабло Монтоја ќему се приклучи на тимот „Ероу Мекларен“, на наредната трка Индијанаполис 500. Колумбиецот ќе се бори за својата трета титула на популарниот „Брикјард“.
За тимот на „Ероу Мекларен“, покрај Монтоја ќе возат Мексиканецот Патрисио О’Ворд и Швеѓанецот Феликс Росенквист.
Монтоја е еден од тројцата возачи во историјата, кои имаат победи во трките во Формула 1, Наскар и Индикар.
Кариерата в Формула 1, Монтоја, ја заврши во Мекларен Мерцедес. Со овој тим тој забележа три од своите седум победи во трките, во Формула 1.
Во Формула 1 дебитирал во 2001 година. Првата победа на Индијанаполис 500, ја забележал како дебитант во 2000 година, а 15 години подоцна втор пат победи на оваа легендарна трка.
Трката Индијанаполис 500 ќе се одржи на 30.мај 2021 година.
> Инди 500: Монтоја ќе вози Мекларен <