Утрински Весник
Свет

Индија ја премина границата од пет милиони заразени

Никој не е безбеден од новата болест – Украинец по третпат заболел од коронавирус

Во Индија, земјата која е на второ место во светот по бројот на заразени, бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус надмина пет милиони. Вкупно се инфицирани 5.020.359 лица, откако во последните 24 часа беа пријавени 90.123 нови случаи на инфекција.

Во оваа земја, вирусот се шири побрзо отколку во која било друга во светот, со дневно зголемување на бројот на пациенти од 90.000. Повеќе од 80.000 луѓе починаа, а во извештаите се споменува недостиг на кревети и кислород во болниците.

Сепак, стапката на смртност е пониска отколку во другите земји каде што се регистрирани голем број случаи, пишува Би-би-си.

Зголемувањето на бројот на пациенти е забележано откако владата ги ублажи мерките за сузбивање на епидемијата, обидувајќи се да ја закрепне економијата и да ја ублажи кризата за време на која милиони луѓе останаа без работа.

Од олеснувањето на мерките, бројот на заразени лица се зголеми, а само последната недела се разболеа уште 600.000 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија