Утрински Весник
Економија

Индија купи три милиони барели нафта од Русија

Индија купи три милиони барели нафта од Русија

Индија купи три милиони барели нафта од Русија, на која многу земји и воведоа бројни санкции поради војната против Украина.

Индиски функционер, кој не сакаше да биде именуван, рече дека нема санкции или пречки владата да купува нафта од Русија, пренесуваат медиумите во светот.

Функционерот изјавил дека купиле три милиони барели нафта од Русија на почетокот на неделата и дека ќе купат повеќе нафта и покрај повиците од САД и други земји да воведат санкции кон Русија.

Можете да прочитате

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА